Едната од најуспешните македонски поп пејачки, Тамара Тодевска, вчера го одржа својот прв концерт во салата „Борис Трајковски“, по околу 15 годишна кариера.

12313797_10153098632496036_3061686741108297941_n

Таа речиси три часа заедно со многу бројните музички гости се обиде да им ја пренесе сета своја енергија на нејзините обожаватели, и да им подари изведба во живо на омилените песни.12301698_10153625038389404_1859474149314757057_n

 

Иако е веќе бремена, Тамара танцуваше заедно со танчарите од “Брејк а лег“ на сцената, а се појави и во три различни аутфити, по терк на светските поп диви.12301518_10153098632426036_3155127123062213947_n

Покрај Даниел Кајмаковски, Врчак, Игор Џамбазов, ДНК и Влатко Илиевски, на сцената до Тамара застана и нејзиниот татко, како и саканата сестра Тијана, со која ги изведоа и хитовите “Rolling on the river“ на Тина Тарнер, “Uptown funk“, „Lady Marmalade“ , но и нашата балада „Признавам“ на Маријана и Росана.12316667_10153098632351036_3282442317472901423_n12299296_10153098632581036_9011022244867305734_n

 

Инаку Тамара, само неколку дена пред концертот го промовираше и видео записот за последната песна „Баш на тебе“ кој ви го приложуваме во продолжение.

 

Слични содржини