Ослабена валута, вознемирени инвеститори, ударот на туризам во екот на сезоната – неуспешниот обид за државен удар на 15 јули ќе остави траги врз турската економија и покрај напорите на власта да ги минимизира последиците, пишува во својата анализа во неделата агенција Франс прес, пренесува БГНЕС.

7c8096f354d4254fd673aaf42b8c0928

Од 15 јули на телевизија постојано одат кадри на тенкови на улиците, на ловци, кои летаат над Анкара и Истанбул, на разурнати згради, осомничените со лисици, влечени од војниците пред судовите, на злобни настроени од воинствени водачи на банди. Овие настани, колку шокантни, толку и неочекувани, позитивно ќе ги одвратат странските инвеститори, вели Вилијам Џексон, специјалист за најбрзорастечки економии во лондонскиот истражувачки центар “Кепитал економикс”

Што се однесува до веќе присутните во Турција компании, се чини малку веројатно тие да ги прошират своите активности. Непосредните загуби изразени во пад на туристички посети и одложените инвестиции, најверојатно ќе го забават растот во 2016 и 2017година, предупредува Меѓународниот институт за финансии (IFF) – базирано во Вашингтон , составен од 500 банкарски институции.

Ако ситуацијата се искомплицира, последиците може да се посериозни и да ја загрозат финансиската стабилност, предупредува IFF.

Во 2015 Турција забележа раст од 4% – ниво што Меѓународниот монетарен фонд го предвидува и за оваа година, пишува понатаму Франс прес. Животното ниво на населението постојано се подобрува од почетокот на 2000 година – период кој одговара на доаѓањето на власт на Реџеп Ердоган. Јавниот долг е само една третина од БДП на земјата.

Reuters: Трамп не е безпамет – вреди САД да се помират со Русија

Но, Турција има структурни слабости, кои може да се продлабочат по неуспешниот пуч: годишна инфлација од околу 7%, слаба приватна заштеда, зависност од странските инвестиции, банкарскиот сектор, ослабена економија базирана на задолжувањето.

Агенцијата наведува понатаму дека туризмот пострада сурово од неодамнешните напади. Уште пред бунтот на војската експерти проценуваат дека политичката ситуација и терористичките ризици може да ја чинат 8 милијарди долари на оваа индустрија, која дава работа на 8% од активното население. Во мај бројот на туристите кои ја посетуваат Турција, падна за една третина.

Ќе се компензираат ли последиците од пучо со враќањето на Русите, прашува понатаму Франс прес и потсетува дека во октомври 2015-та Москва воведе санкции, откако еден од номбардерите нејзини беше соборен од турски борбен авион. Русите заедно со Германците и Британците се најмногубројните посетители на земјата.

Туризмот не е единствената грижа. Ако капиталот бега, лирата ќе падне и економијата ќе треба да се прилагоди и да го намали увозот, предупредува Вилијам Џексон. Во деновите по пучот, лирата загуби 6% од вредноста во однос на доларот. Од април падот е 10%. Депресијацијата на валутата има директни последици за претпријатијата, кои и без тоа се силно задолжени во странска валута.Ако турската лира падне, тоа ќе се одрази болно на населението.

Во Турција, ако валутата падне премногу, ситуацијата станува особено болна и тоа може да доведе до депресија, вели Мајкл Харис, шеф на истражувачкиот оддел во инвестициската банка “Преродба Капитал”, специјализирана во брзорастечките пазари.

Францускиот осигурител на трговски кредитен ризик Кофас (Coface) смета дека девизните резерви на земјата може да се покажат недоволни при нагло повлекување на капитал.

Затоа, постојат голем број на фактори кои може да доведат до нагло превртување на економијата во следните години со потенцијал за рецесија, предупредува Вилијам Џексон.

Властите вложуваат напори да се смири ситуацијата. Според вицепремиерот Мехмет Шимшек, одговорен за финансии, влијанието на обидот за државен удар ќе биде краткотрајно, а последиците релативно незначителни.

Минатата недела провладините медиуми одвоија страници за индустријалците, изразувајќи благодарност до претседателот Ердоган, и за инвеститорите кои објаснуваат дека сакаат да се задржат дури да го зголемат капиталот во земјата. Според претседателот Ердоган нема значење дека “Стандард енд пурс” ја намали од BB + на ББ оценката за долгот на земјата – решение кое според него е целосно политичко. Претседателот дури ја нападна рејтинг агенција, велејќи пред пратениците: Што ви влијае, кои сте вие, за што се сметате?

Слични содржини