Викторија Бекам е позната не само со ретките моменти во кои се смешка, но и со својата воздржаност. Кога станува збор за семејството сепак, дизајнерката не ги штеди милите зборови. На 41-тиот роденден на нејзиниот сопруг Дејвид на 2 мај, Викторија беше меѓу првите кои му го честитаа празникот на поранешниот фудбалер и тоа на незаборавен начин.d7df08800e0158a1b49cd4a3a7bd77c5

Г-ѓа Бекам прикачи селфи на Дејвид, на кое тој позира пред камин, опкружен со еден куп семејни подароци завиткани во хартија со принт на географска карта. Над рамката бринетата напиша: “Среќен роденден на најневеројатниот сопруг и одличен татко.Сите те сакаме толку многу! “.

Малку подоцна и најстариот син на ѕвездите Бруклин пушти во својот профил слично на селфи.

Според гласините Вики фрлила 5-цифрена сума, за да купи специјален шлем за мотор на својот сакан, формиран по нејзин дизајн.

“Дејвид ги обожава моторите, па таа направи дизајн на шлем и ракавици специјално за него. Кон подарокот додаде и уред bluetooth и скапа камера. Дефинитивно вложи многу напор за подарокот “, откри извор за Daily Mail.

Забавата по повод роденденот на Дејвид беше во сончевиот Маракеш, а на него присуствуваа куп ѕвезди.

Слични содржини