Ваква е моменталната атмосфера пред просториите на СПУКМ во центарот на Скопје, до студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу.

13578565_10157041334265368_296821226_n

Местото каде вообичаено започнуваат протестите на „Шарената револуција“ (тука се наоѓа и СЈО), моментално е запоседнато од бројни полициски сили со оклопни возила.

13553177_10157041334775368_1504426384_n

Како што јавува репортерот на Либертас, ситуацијата и понатаму е напната, а актуелниот претседател на СПУКМ со истечен мандат, Кирил Спировски заедно со други лица се наоѓаат во просториите на организацијата, каде се заклучени веќе неколку часа и не излегуваат, ниту пуштаат некој внатре.

13550992_10157041334840368_2098246180_n

Надвор се наоѓаат студентите од Студентскиот пленум кои го повикуваат Спировски да излезе надвор и да објасни што се случува, како и каде се наоѓаат избирачките кутии кои беа насилно одземени, од лица кои, како што може да се види од објавите во медиумите воопшто не се студенти туку вработени во администрацијата, кои се поврзуваат со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

13563623_10153624347551717_1684809574_n

Вечерва од Студентскиот пленум упатија и Улатиматум до СПУКМ да ги поништи изборите. Тие упатија барање и до ДИК да провери што се случило со избирачките кутии кои се во нивна сопственост.13566067_10153624346601717_1778705229_n13578708_10153624345776717_1892279126_n

Фото – Либертас

Слични содржини