(ГАЛЕРИЈА) Мис Исланд 2015 беше погубена: Дебела си!

од Vladimir Zorba

Убавицата Арна год Јонсдотир која победи на натпреварот Мис Исланд 2015 беше прогласена за премногу дебела за да земе учество во натпреварот за убавина Miss Grand International.172c875e87a362fcd15cfde08152cc54

20-годишната жешка русокоса од Рејкјавик, која е поранешна спортистка, беше натерана да помине строга диета, за да може да се вклучи во предметната трка за убавина.

Формите на Арна се видоа премногу раскошни за основачот на конкурсот и телевизиски презентер – Нават Итсарагрисил.

Русокосата сирена, меѓутоа, категорично одби да следи рестриктивен режим на исхрана, велејќи: “Ми се допаѓа како изгледам!”.

На крајот Арна отпадна од големото финале на натпреварот, кој ќе се одржи денеска во Лас Вегас.

Судејќи според фотографиите на запрепастувачката Мис Исланд во Instagram, таа нема особени проблеми со килограмите.

Таа вели: “Да, моите раменици се малку пошироки од оние на другите девојки, но тоа е затоа што бев во тимот на Исланд во атлетика и сум горда од овој факт.”

Претходно оваа година “дебелата” Арна беше избрана за “Мис Евро 2016”.

Видете ги

сликите на Арна во галеријата.

Слични содржини