(ГАЛЕРИЈА) Никол Кидман со искушувачка фотосесија

од Vladimir Zorba

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се снима во летна фотосесија за јули издание на Glamour UK. Автор на стилските и светли фотографии е Тиаго Бандера.

Кидман учествува во новата драма на добитничката на “Оскар” Софија Копола “Измама”, која беше претставена порано и на фестивалот во Кан.

Филмот беше презентиран од Копола, облечена во фустан на Valentino. Таму беа и актерите, кои ги исполнувале главните улоги како Никол Кидман, Ел Фанинг и Кирстен Данст.

Дејството на филмот се одвива за време на Граѓанската војна во училишен интернат за девојчиња, каде паѓа ранет војник од противничкиот камп, толкуван од Колин Фарел.

Љубомора, лаги и навреди ја менуваат душевната близина на неискусните за животот хероини.

Видете ја Никол Кидман во галеријата.

Слични содржини