(ГАЛЕРИЈА) Отворено 41. издание на фестивалот „Млад отворен театар“

од Vladimir Zorba

Со претставата „Вашето кралство“ на трупата „Форте компани“ од Унгарија, вчеравечер официјално беше отворено 41. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“-МОТ.fullsizerender

Театарската претстава, по текст на  Шандор Тар и во режија на Чаба Хорват, беше еден сестран артистички конструкт од физички и вербален театар, танцов и музички перформанс, но ако мораме да го вкалапиме во некаква жанровска тема, најблиску би можело да го оквалификуваме како “мјузикл“, каде актерите беа одговорни за секој звук на сцената.fullsizerender-1

Тие маестрално ја пренесоа бујната имагинација на режисерот, кој на еден неповторлив начин со силни визуелни пораки ја раскажа неутешната лична приказна на унгарскиот работник за време на промената на системот во 1898. Безизлезот и психичкиот распад на лицата останати на работ на општеството, театарската трупа ги прикажа во својата изворна драматична и апсурдна природа, но истовремено со многу сочувство и хумор.fullsizerender-2

Извонредната соработка на добро уиграните актери и танчери од “Форте компани“ и уникатниот режисер резултирала со успешно создадавање на нов, хомоген јазик со помош на тела, гласови, танц, музика и текст. Беше вистинско освежување да се погледне поставка во жанрот на „физички театар“ редефинирана во обид да се размислува на поинаков начин за раскажување, ситуација, градење сцена, сценско време, простор на игра и драматургија.fullsizerender-8

“Креативната енергија и радикалните средства, типични за оваа компанија, му помагаат на гледачот да се нурне во светот на маргинализираните и имаат ефект што тешко може да избледи“, најави МОТ и трупата навистина го исполни тоа. fullsizerender-10

По театарската изведба во бифето на Киното Фросина настапи хрватскиот состав ABOP (AfterjeBoljiOdPartya).

fullsizerender-13

Фестивалот, кој го организира Младинскиот културен центар под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура, ќе се  одржува до 27 септември до кога ќе бидат изведени уште десет претстави.

Вечерва на МОТ публиката ќе ја погледне претставата „Ние, европски лешеви“ на Словенско младинско гледалишче во режија на Себастијан Хорват и театарскиот перформанс „Државата“ на Александар Мануилоф од Бугарија.

Повеќе фотографии од вчерашната престава на режисерот кој раскажува во слика погледнете подолу: fullsizerender-3 fullsizerender-4 fullsizerender-5 fullsizerender-6 fullsizerender-7
fullsizerender-9
fullsizerender-11
Ф.А.

Слични содржини