Почна протестот во Скопје. Граѓаните прво маршираат кон Пазарната инспекција, а потоа кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ .

protesti denes

На зборното место во Скопје, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, се собираа демонстрантите кои денеска ќе учествуваат на протестот и со кој бараат да се повлече одлуката за аболиција на Ѓорге Иванов и да се одложат изборите од 5 јуни.

13225074_10207953073557469_1337255541_o

 

13211078_10207953060037131_176874164_o

– Деновиве сме сведоци на инспекции врз ресторани и кафулиња, уништување имот на невладини организации и приватен имот, вербални и физички напади врз соборци и граѓани. Но, повторно и повторно порачуваме: „Тоа нема да не спречи да ја бараме слободата!“ Веќе доволно пати сме биле сведоци на вакви притисоци и заплашување – нема да ви поминат. Ќе останеме солидарни со сите наши соборци и граѓани кои најдемократски бараат нормален живот без страв и уцени. Остануваме на улица се до подобра Македонија. И гласно покажуваме: Газиме врз стравот! – порачуваат денеска демонстрантите./извор а1он и Мета

13214727_10207953060117133_641911647_o

Слични содржини