Веќе еден час трае најавениот денешен протест пред Парламентот, во кој движењето #Протестирам како и движењето „Бараме фер и слободни избори“ го изјавуваат својот револт кон одлуката на претстедателот Иванов за општа аболиција на сите политичари. Полека сè повеќе луѓе се придружуваат, но истовремено се собираат во околината и контра-протестанти кои ќе протестираат пред седиштето на СДСМ.

На протестотот пред Собранието има веќе повеќе илјадници лица чиј број постојано се зголемува, а дојдени се и многу демонстранти од внатрешноста на Македонија.

Од движењето #Протестирам ги изнесоа следните барања:
– Итно ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени,
– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Конечно, бараме итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.12963397_10153412052546689_6501942914060711352_n

 

Додека вторите организатори порачаа:

„Не постојат услови за организирање регуларни, веродостојни и фер избори на 5 јуни, ниту пак постои време до тој рок да се создадат неопходните услови. Избирачкиот список не е пречистен, не запираат заплашувањата, уцените и притисоците врз граѓаните, функционерите не престануваат со злоупотреба на институциите во интерес на партијата, а медиумите се далеку од правично известување. Начинот и динамиката со кои во изминатиот период се спроведуваа “реформите” нема да овозможат отстранување на овие недемократски состојби кои се погубни за да се одрази реалната политичка волја на граѓаните. Наместо повеќе демократија, владеење на право и појасна поделба на власта, ние во изминатиов период бевме сведоци на уназадување на овие процеси преку еднострана и неуставна одлука за одложено распуштање на Собранието, скандалозен чин на овозможување помилување за изборни измани од страна на Уставниот суд и контраверзни одлуки на Кривичниот и Апелациониот суд во врска со истрагите на Специјалното јавно обвинителство.“

Овој протест е иницијатива на преку 80 организации и здруженија.

 

https://twitter.com/SkHornet/status/720646738978205696

ФОТО: Твитер/Фејсбук

Слични содржини