Десното крило на македонската ракометна репрезентација Гоце Георгиевски посакува четири бода од последните два натпревара во групата 1. За денешната пресметка со Норвешка очекува тешка и исцрпувачка борба.

ad8efcd5c11683a2e1952fa369ef0248_XL

– Норвежаните со победата над Полска потврдија дека не случајно пренесоа четири бода од првата групна фаза. Знаеме за каква репрезентација се работи. Тоа е млада селекција со квалитетни поединци кои се во функција на колективот, а воопшто нема лесни противници на Европското првенство. Ние одиме на победа и на овој дуел и в среда против Белорусија и со две победи да го завршиме шампионатот и да го поправиме впечатокот, изјави Георгиевски.

23 поени и 11 асистенции на Пол го спасија Клиперс од пораз во Торонто

Според него, Македонија треба да ги запре полуконтрите и контрите на Норвежаните, а за тоа е потребно сведување на минимум на техничките грешки, како и трпелива игра во нападот.

Натпреварот Македонија – Норвешка почнува во 18 часот и 15 минути, а од 20 часот и 30 минути домаќинот на ЕП Полска игра со Белорусија.

Табела група 1: Франција 6 бодови, Норвешка 6, Хрватска 4, Полска 4, Македонија 0 и Белорусија 0.

Двете првопласирани селекции одат во полуфиналето, а останатите играат за соодветен пласман од 5 до 12.место.

Слични содржини