Коалицијата на германската канцеларка Ангела Меркел одлучи да одвои неколку милијарди помош за да им помогне на бегалците кои доаѓаат во Германија. Во текот на викендот во земјата пристигнаа околу 20 илјади азиланти, кои избегале од војната во Сирија, објавија германските медиуми.

Migrants hold pictures of German Chancellor Angela Merkel as they set off on foot for the border with Austria from Budapest, Hungary, September 4, 2015. REUTERS/Bernadett Szabo
По долгите преговори ноќта во Берлин во раните утрински часови денеска беше одобрен пакет од 6 милијарди евра. Три милијарди ќе бидат вклучени во буџетот на земјата за следната година, а уште три милијарди евра ќе бидат обезбедени за поддршка на провинциите и на локалните власти за сместување на бегалците.
Германија и Австрија во саботата се согласија да прифатат бегалци кои беа спречени од Унгарија да патуваат на запад.
Германија очекува 800 илјади баратели на азил оваа година. Тоа е повеќе од која и да е друга членка на ЕУ. По драматични скок на бројот на пристигнување предизвика тензии меѓу локалните власти, кои побараа поголемо финансирање од Берлин, откако владата рече дека Сиријците кои бегаат од војната, се добредојдени.
Скоро 20 илјади мигранти, главно бегалци од Сирија, пристигнаа во Минхен од Австрија од саботата, информираат локалните официјални претставници. Околу 13 илјади пристигнале само во неделата.
– Ние доаѓаме до границите на своите можности”, изјави портпаролка на локалната власт.
Пред преговорите за пакетот помош за бегалците, коалицијата на Меркел беше поделена во врска со тоа како да се справи со приливот на баратели на азил. Клучен коалициски партнер, изјави дека е погрешна одлука да се дозволи да влезат илјадниците азиланти кои беа блокирани во Унгарија.
Партнер во коалицијата за Христијанско социјалната унија рече дека Меркел треба да изрази јасна позиција дека земјите од ЕУ треба да го поделат товарот. Сепак, сугестиите изгледа немале голема улога во разговорите.

Слични содржини