Двајцата сторители на нападот врз музејот “Бардо” се идентификувани како Јасин Абидал и Хатем Хашнауи, соопшти премиерот на Тунис Хабиб Есид, цитиран од Франс прес. Абидал е роден во 1980 година, а соучесник му е роден во 1994 година.

TUN

Според портпаролот на МВР двајцата се Тунижани. Ниту премиерот, ниту Министерството за внатрешни работи не посочија детали за атентаторите.

Локалните медиуми тврдат дека нападот е извршенаод групата “Окба ибн Нафа” поврзана со “Ал Каеда” во исламски Магреб. Од крајот на 2012 година Туниската армија спроведува операција против “Окба ибн Нафа”.

18 странски туристи и двајца локални жители биле убиени во терористички напад во музејот во Тунис вчера. Националноста на една од жртвите останува непозната, стана јасно порано од зборовите на Есид.

Убиени се петмина Јапонци, четворица Италијанци, двајца Французи, двајца Шпанци, двајца колумбијци, Полјак и Австралиец. Едно тело се уште не е препознаено. Убиени биле и двајца Тунижани, полицаец и возач на автобус. Напаѓачите беа ликвидирани.

44 лица биле повредени, а меѓу нив се 13 Италијанци, 11 Полјаци, седум Французи, двајца Јужноафриканци, еден Русин, како и шестмина Тунижани. Некои од повредените се во критична состојба.

Ова е најсмртоносниот напад во Тунис по соборувањето од власт на авторитарниот претседател Зине ал Абидине Бен Али во почетокот на 2011 година

Слични содржини