Слушам Топ тема на Телма за гласање на дијаспората па нешто не ми е јасно, може ли да некој ми појасни;

дијас
1. Македонија нема точен список колкав е бројот на иселеници во Европа, Америка, Австралија или било каде, па како може да се бара да истите гласаат ????

2. Многумина од нив бар едно 90 % немаат македонски исправи и пак се бара односно инсистира дијаспората да гласа

3. И она што стварно ме боли и неможам да го прифатам, а тоа е тие не се даночни обврзници во Македонија, туку се обрврзници во државата во која живееат, и тие истите да ми ја кројат судбината на државата, да ги плаќам од мојот односно нашиот даночен обврзник и како може тие кои се со 20 години надвор од државата да ја кројат политиката на мојата држава, судбината на нашите деца, апсурд. Згора на тоа многу е мал бројот на Македонци од дијаспорта инвестирале во Македонија или на било кој начин помогнале за унапредување на односите со државата во која живеат и плаќаат данок.

4. Само да напоменам податоците кои ги даваат за Хрватска, морам да кажам дека Хрватите од дијаспората прво имаат и се горди на хрватскиот пасош, второ на овој или оној начин инвестираат во хрвтаска, трето нивното лоби е хомогено и единствено како и многу моќни.

5. ГЛАСАМ ДА ДИЈАСПОПРАТА НЕ МОЖЕ ДА ГЛАСА, се додека не станат хомогени и единствени, да инвестираат во Маќедонија и да формираа јако лоби кое нама да е контролирано од една партија и нема да ги брани боите на таа партија, која и да е.

Михаил Апостолоски
фејсбук статус

Слични содржини