Еврообврзницата е одложена поради противењето на СДСМ. Претходно, Меѓународниот монетарен фонд најави дека го повлекува постојаниот претставник од Македонија, а Европската комисија скрати и дел од ИПА фондовите-пишува РСЕ.

Petar-Gosev-650x320 (1)
Финансиските инвеститори не сакаат непотребни ризици, особено правни и ризици од политичко безбедносен карактер, вели поранешниот гувернер на Народната банка Петар Гошев, коментирајќи ја одлуката за одложувањето на еврообврзницата. Во овој случај, покрај другите, тие препознаа и законски ризик, додава тој.

„Така што, може да се каже дека нашиве измамници се демаскирани од меѓународниот финансиски и политички пазар. Ова што се случува е реакција всушност на прочитаните трикови“, вели Гошев.

Според него, ова е порака и до македонската влада дека за вакви работи мора да се договара со опозицијата.

Повеќе ТУКА

Слични содржини