Град Скопје ќе почне со присилна наплата на долговите за данок на имот и фирмарина

од desk2

Град Скопје, во наредниот период ќе пристапи кон достава на решенија за присилна наплата на долг за данок на имот и фирмарина од физички и правни лица кои ја немаат подмирено својата обврска за 2016 година.

„Се известуваат сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата за 2016 година, веднаш да пристапат кон плаќањето на наведениот долг согласно решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка за блокада на сметки во деловните банки“, извести Град Скопје.

Доколку даночните обврзници кои се опоменати, или им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот, треба да се обратат во Град Скопје, барака 16, со доставување на доказ за уплата на долгот.

Слични содржини