Владата и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија нема да бидат пречка во работата на специјалната обвинителка и очекуваат што побрзо таа да почне со работа, ама и да се утврдела нејзината надлежност. Ова го истакна премиерот Никола Груевски синоќа  во интервју за националната телевизија Канал 5.

mkd-222130

– Како ВМРО-ДПМНЕ  со нетрпение очекуваме што побрзо да почне со работа специјалната јавна обвинителка, затоа што знаеме дека немаме никакви незаконски дела и сакаме што е можно побрзо да се потврди и од тој аспект наш интерес е таа што е можнно побрзо да се комплетира и да започне со работа, а не само да слушаме вакви или онакви изјави, туку да почне со работа и да се произјасни по однос на сите работи што се во нејзина надлежност, рече премиерот.

Тој додаде дека и како Владата и како политичка партија нема да бидат пречка во однос на нејзиното непречено работење понатаму и дека ќе излезат во пресрет на сите нејзини барања.

Во однос на работењето на Јанева, според премиерот, загрижуваат две работи и тоа едната што Јанева ги повика обвинителите што се избрани да не дадат заклетва и втора што ја промени одлуката за почнувањето со работа. И поради тоа тој влече заклучок дека:

– Загрижуваат две работи, а тоа се едната што Јанева ги повика обвинителите што се избрани да не дадат заклетва и тоа загрижува од аспект што сите знаеме дека давањето заклетва е законска обврска и кога првиот човек на една таква институција ќе ги повика своите соработници да не дадат заклетва, односно со други зборови да не го почитуваат законот, тоа загрижува бидејќи сите ние очекуваме дека тоа е личност која ќе ги почитува најмногу законите, за после да може на другите да им каже дали ги почитувале или не законите, рече премиерот и додаде дека тоа значи дека загриженоста и резервите доаѓаат од аспект дали можеби станува збор за личност  која недоволно ќе ги почитува законите во иднина.

Втора загриженост, смета премиерот, е фактот што Јанева во еден ден даде изјава дека ќе работи со седум обвинители, дека нема да застане и ќе продолжи со работа, додека другиот ден комплетно ја смени својата одлука и кажа дека нема да работи со седум обвинители додека не и бидат избрани сите 14.

– Тоа значи дека во меѓувреме некој ѝ дејствувал на нејзиното мислење и оттука се создава резервата или прашањето за независноста, во смисла дали независно ги носи одлуките, истакна премиерот.

Старт и кампања на Власта против Јанева, колку е независна и дали ќе работи по закон!

Груевски вели дека не се плаши,  ама  манипулира во изјавата и си остава простор  за идната ПР кампања дека таа може да работи незаконски,  и немала да биде независна. Груевски не кажува пред јавноста дека Катица Јанева прво рече дека заклетва ќе дадат кога ќе бидат избрани сите обвинители, а не само половина кои се по „кејф“ на обвинителството, „неподобните“ не поминаа, и дека со тоа Тие се тие кои не го испочитуваа законот за немешање во работата на специјалната обвинителка и тие кои го кршат законот.јанева

И второ Јанева ги прифати овие 7 и рече дека е сигурна кога ќе треба  и ќе се доизберат и другите кои ги бара, а сигурноста је влечеше токму од договорот кој го потпиша, повторно, Груевски во кој тој ветува дека е согласен да не го преполовува и селективно да не го избира договореното од  работите во преговарачкиот процес на договорот од Пржино, дека сè што ќе се договори, сè ќе се примени и спроведе, а сега испаѓа дека тоа се  кочи и одоговлекува. И сега прашањето за независноста, кое нема врска со никој друг освен со гаранторите на договорот, кои инсиситираат на спроведувањето, а тоа се ЕУ, САД и конкретно еврокомесарот Јоханес Хан- Дали тие ја  уриваат само независноста на Катица Јанева? А, што е со државноста и независноста на Никола Груевски се наметнува прашањето и поради што тој го прифаќа сè тоа!?

Токму тоа го немаше во интервјуто и се премолча, но кампањата против специјалната обвинителка е започната, а Никола Груевски меко го префрла сомнежот за законитоста и независноста  врз Јанева, во стилот на демек нејзини почетнички грешки, а всушност една иста вмровска тактика каква што се фокусира врз лидерот на СДСМ Заев,  за кого владините новинарски труби секојдневно пишуваат дека де сака избори-де бега, де сака средување на списоци де несака, и тој пакет на лажго и „пишман аџија“, кој треба да ја симне довербата во него и неговите капацитети. Тоа се насоките кои ги даде и премиеорт Никола Груевски спрема специјалната обвинителка Катица Јанева, од која наводно нема страв.

Слични содржини