Груевски: Победник на изборите ќе биде ВМРО-ДМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

од Vladimir Zorba

timthumb-15

Кристално јасно е дека победник на наредните избори ќе биде ВМРО-ДМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Ние ќе бидеме победници затоа што прв пат во оваа држава покажавме како треба една политичка партија да го следи пулсот на народот, да работи за народот и за граѓаните, да ги исполнува дадените ветуваења, истакна на вечерашниот митинг во Гостиват лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 на Коалицијата за подобра Македонија, Никола Груевски.

– Прв пат се покажа дека некој може да ја намалува невработеноста и да отвора нови работни места за Македонци, Турци, Албанци, Бошњаци, Роми, Власи..Ќе победиме и затоа што прв пат покажавме дека може многу поинаку една Влада да се постави кон македонскиот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и затоа што покажа и како треба да се надградува здравството, образованието, затоа што влегоа 2 милијарди 600 милиони евра странски директни инвестици, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ ќе се соочи со тежок пораз на изборите затоа што, како што рече си поигрува со иднината на државата и со соживотот кој што го имаме во Македонија.

– Со сето она што прават, а никој не го бара тоа од нив, со оние нивни понуди за кантонизации со кои може да ни се растури државата. Ние имаме соживот во Македонија, нам не се потребни кантони кои со референдендуми ќе прогласуваат независност и ќе се дели – парчи Македонија. Нам ни треба цела, силна, суверена и унитарна Република Македонија, економски моќна и со квалитетен живот на сите нејзини граѓани. Со векови сме живееле заедно, не ни требале кантони за да живееме заедно, не ни требале насадени двојазичности на цела територија, рече Груевски.
Тој пред гостиварци објасни дека ВМРО и Коалицијата за подобра Македонија ќе ги добијат претстојните избори убедливо заради тоа што оваа коалција се бори за државните интереси и се грижи за народот и секогаш е со него.
– Ќе победиме затоа што сме партија која држи до дадениот збор, која го исполнува ветеното. Партија која има далеку посилни кадри и капацитети и програма, отколку СДСМ и нивната коалиција. На 11 декември ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а нардот до СДСМ ќе испрати силна порака преку поразот кој им следува поради тоа што го потценуваат македонскиот народ. Пораз затоа што се пазарат со државните и националните интереси за да дојдат на власт, да ги направи премиер некој друг, а не овој народ. Ќе изгубат и заради тоа што се расфрлаат со нереални ветувања. Со тоа го потценуваат спствениот народ. Тие ветуваат лажни покачувања на плати и пензии, социјална помош. Се од ракав истресено, ништо релано, ништо пресметано. Мислат дека народот ќе се воодушеви од тоа и дека ќе гласа за нив. Овој народ е мудар и точно знае што е реално, а што е лага, подвлече Груевски

Слични содржини