Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години инвестираше над 62 милиона евра во повеќе од 280 спортски објекти, рече денеска лидерот на партијата Никола Груевски при посетата на Општина Дебарца.

Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски истакна дека тука влегуваат спорстките сали, фудбалските, мултифункционалните, тениските игралишта,…

gruev

– Над 90 спортски сали се веќе завршени, дел се градат, а до крајот на следната година очекуваме повеќе од 110 да бидат целосно завршени. Завршени се 50 фудбалски терени за голем фудбал кои беа дел од нашата програма и ветување, 74 тениски терени, 64 мултифункционални игралишта, како и голем број други спортски објекти меѓу кои и вештачката карпа. Тука не ги вбројуваме спортската арена „Филип Втори“ или СЦ „Борис Трајковски“, нагласи Груевски.

Според него, голем дел од спортските објекти се во завршна фаза, вклучувајќи ги и спортските терени во Охрид кои ги посети вчера.

– Има многу проекти кои се во тек и наскоро ќе се зголеми бројката на инвестиции во спортски објекти кои за волку краток временски период никогаш во минатото не се случувале во Македонија. Верувам дека тие не само што ќе помогнат во иднина за подигнување на спортот, туку ќе помогнат многу и за младите и повозрасните за рекреација. Наместо слободно време да го насочат кон некои несакани работи, пороци како дрогата, алкохолот, коцкањето,…најдобро е кога младите слободното време и енергија ќе ги потрошат на спорт и рекреација, нешто што го подига спортскиот дух, што го подобрува здравјето и што учи добро, а не лошо, подвлече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на неговата обиколка на Општина Дебарца ја посети пешачката патека на брегот на Охридското езеро лоциран во оваа Општина и имаше средби со жителите на селата Горенци и Ботун./МИА

Слични содржини