И натаму продолжува и повеќе од 7 часа трае распитот на Горан Грујоски, началникот на Петтата управа на УБК, кој е првосомничен во денеска обеоденетиот од СЈО предмет  „Тврдина“ според кој , тој заедно со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се сомничат за уништување на опрема  на МВР за прислушување.суд ноке

Поради набиената агенда во судовите, распитот прво почна во Апелациониот суд а пoтоа беше префрлен во Основен суд Скопје 1. И покрај вчераниот прогон и обид за негово приведување за сослушување, од специјалните обвинители на Јанева, тој денеска сам се пријави во судот, кој патем на неколку пати образложуваше зошто не дозволува претрес на неговиот дом и мерка притвор. Сепак на крајот, по соопштувањето на обвинувањата и отоворањето на целото обвинение, Грујовски  се пријави во судот, а на распитот се присутни и претставници на Специјалното јавно обвинителство.

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 заклучил дека несогласноста за претрес која ја издал судијата била основана, бидејќи тие тврдат дека Специјалното јавно обвинителство има ограничени надлежности.

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10 милиони евра.

janeva

Целата операција, како што денеска на прес-конференција посочи обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска, била поврзана со незаконското следење на комуникациии, а почнала кратко по пресудата на скопскиот Кривичен суд, од 25 февруари 2015 година, со која еден од осомничените во случајот „Пуч“, инаку вработен во Петта управа на УБК (каде што се системите за прислушување), е осуден на 3 години затвор, по претходна спогодба со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Во неа судот напишал дека незаконското следење на комуникациите „е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникации при Министерството за внатрешни работи“.

Во овој предмет осомничени се двајца началници на Оддели при Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерот за внатрешни работи, кои во првата половина од 2015 година заедно со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на границите на нивното службено овластување, со умисла помогнати од осомничениот Началник на една од единиците во Управата, ги уништиле системите за следење на комуникации, со што нанеле штета на средствата на државата и Буџетот на Република Македонија во износ од 10.000.000,00 евра или 615.000.000,00 денари.
Осомничените лица делувале исклучиво од позиција на службени лица, искористувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување

Комитет за заштита на правата: Секој притисок и обид за опструкција на СЈО добива противправен карактер!

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за претрес на станот на шефот на Петтата управа на УБК, Горан Груевски, со образложение дека СЈО има ограничени надлежности, но и поради тоа што не конкретизирале кои предмети ќе ги барале за време на претресот.

Сослушувањето на Грујоски  до 21 часот траеше и натаму , а СЈО не се откажува од барањето на мерката притвор, бидејќи за тоа имаат јасни  и чисти докази и образложенија.

Слични содржини