Шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон на доминантен начин стигна до победата на трката за Големата награда на Австралија со која утрово беше отворена новата сезона.


За возачот на Мерцедес ова беше 34.

Клупскиот колега на Британецот, Нико Розберг заврши на втората позиција, додека трет беше Себастија Фетел од Ферари.

Поради технички проблеми и дефекти во многу тимови, на стартот на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн се појавија само 15 болиди од кои 11 ја поминаа целта, а единствен без освоен бод беше последно пласираниот Џенсон Батон од Мекларен.

Пласман од четвртото до десеттото место и освоени бодови: Фелипе Маса, Фелипе Насар, Даниеле Рикиардо, Ник Хулкенберг, Маркус Ериксон, Карлос Саинс, Серхио Перез./МИА

Слични содржини