Снимките од прислушкувањето во кои има индиции за криминални влијанија треба да се поднесат до соодветните иснтитуции и тие мора да постапат по нив, вели комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Јоханес Хан.

Тој повика сите клучни актери на политичката сцена во Македонија да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат фундаменталните принципи на демократијата и владеењето на правото, за да се најде излез од политичката криза.

На новинарско прашање зошто за време на посетата во Скопје не закажа прес конференција на која ќе ги изнесе ставовите по средбидте со државниот врв и опозицијата, туку потоа се огласи со соопштение од Брисел, Хан со одговор дека неговата проценка во овој случај е првин да е испитаат сите аспекти и мислења, па потоа да се добие вистинска слика за случувањата.

За тоа дали е од јавен интерес да се коментира извештајот за прислушкувањето, кој доаѓа од опозициската СДСМ, и нема официјална потврда дали некој овластено или неовластено прислушкувал, Хан повтори дека материјалите кои укажуваат на криминал треба да се предадат на обвинителството и судовите, кои треба да постапуваат по нив./Телма

Слични содржини