Хилари Клинтон нема трпение да се врати на работа. Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД напиша во нејзиниот профил на Твитер дека се чувствува прекрасно и со нетрпение очекува да се впушти во предизборните настани. “Благодарам на сите за убавите желби. Се чувствувам прекрасно “, напиша поранешниот државен секретар на социјалната мрежа.

hilari-klinton-korejci-odustanite-od-rakete-1334146751-148614

“Како што секој кој некогаш седел дома, бидејќи е болен, сакам повторно да се вратам кон работата. Ќе се видиме наскоро во следните фази на предизборната трка “, додава таа.

Со овие зборови Клинтон ги побива гласините за тешката болест. Малку порано во медиумите се појави информација дека во случај на повлекување од предизборната трка конкурент на Доналд Трамп ќе стане потпретседателот Џо Бајден или американскиот сенатор Берни Сандерс.

Кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон ги уплаши блиските за време на церемонијата за почитувањето на жртвите од нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк. На 68-годишната дама и се слоши, а во медиумите се појавија снимки како од опкружувањето ја вметнуваат во автомобил кој ја однесе за лекарска помош. Подоцна личниот лекар на Клинтон- Лиза Бардак изјави дека и се слошило бил поради топлината и дехидрација. Потоа стана јасно дека таа страда од пневмонија.

Сопругот на кандидат-претседателот – Бил Клинтон, исто така ја коментираше нејзината состојба. Според него, несвестица и се должи на исцрпеност и дехидрација. “Тоа и се случило и друг пат кога била силно настината. А таа работи како демон на функцијата државен секретар, како сенатор во последните години “, рече Клинтон во интервју за Чарли Роуз.

И од екипата на кандидатот за претседател на САД од Демократската партија Хилари Клинтон потврдиха дека таа во моментов оздравува по пневмонија. Од таму велат дека вирусот кој ја натерал да се онесвести во неделата разболел уште неколку луѓе од изборниот штаб, пренесе Breitbart.

“Сите се болни”, изјави извор од штабот на Клинтон, додавајќи дека “вирус, кој ја зема работоспособноста” разболе барем шест лица, вклучувајќи го и менаџерот на кампањата Роби Мук.

Слични содржини