Хју Грант призна: Снимањето секс сцени е возбудувачко

од Vladimir Zorba

Хју Грант изјави најсериозно, дека снимањето на секс сцени воопшто не е тортура за актерите, туку токму спротивното.9055356fe9c70e16c920b34dfd09cecb

56-годишниот британски актер дава интервју за новиот број на магазинот W. Тој руши едно од најпопуларните клишеа поврзани со филмската индустрија со зборовите:

“Љубовните сцени навистина се исклучително тешки, бидејќи на еден милиметар од тебе и партнерката има камера, а вие треба да покажете сентименталност, што е без врска. Но секс сцените се нешто сосема друго!Конвенционалниот одговор на актерите е дека секс сцените се ужасни и неприродни, но јас секогаш сум ги наоѓал за доста возбудувачки. ”

Хју сподели уште пред изданието дека многу би сакал да учествува во шоуто Dancing with the Stars, бидејќи се смета за добар танчер, но сепак смета дека е малку конзервативен за стилот на тоа реално шоу.

Грант го коментира и фактот дека сам решил да го напушти Лос Анџелес пред неколку години: “Јас не го мразам Ел Еј, но сепак таму се нервирам доста. По неколку недели живот на ова место, дознав дека ќе почнам да се навикнувам, а тоа би било ужасно. Во тој момент сфатив дека треба да се извлечам оттаму. ”

За да ги видите сликите на Хју, посетете ја галеријата.

Слични содржини