И Иран успешно тестира нова ракета со дострел од 2000 км

од Vladimir Zorba

  Иран успешно ја тестираше новата балистичка ракета Хорамшахр со дострел од 2000 километри и со способност да носи неколку конвенционални боеви глави, со што може да погоди неколку цели истовремено, јавија западните агенции, повикувајќи се на Иранската државна телевизија.

 

Новата ракета беше прикажана вчера,  за време на воена парада во иранската престолнина Техеран. Кога точно се случила пробата не е соопштено, а  државната телевизија покажа  само кадри од тестирањето. Потоа, беа покажани и снимки од внатрешноста на ракетата.

Веста за ракетното тестирање доаѓа во тензичен момент меѓу Иран и САД во врска со иранската нуклеарна договор, која е остро критикувана од американскиот претседател Доналд Трамп.

Иран  веќе поседува две ракети – Гадр-Ф и Сеџил кои имаат дострел од 2000 километри и се способни да го погодат Израел, но исто така, можат да стигнат и до американските бази во регионот

Обединетите Арапски Емирати во петокот објавија дека Иран ги крши и “писмото и духот” на нуклеарната спогодба договорена помеѓу Исламската Република и светските сили.

Слични содржини