Во Кривичниот суд во Скопје завршил распитот на И.Г., осомничен дека го сторил кривичното дело „изборна измама“ од чл.165 в.в со чл.22 од Кривичниот законик.

sud
Во текот на денов, како што велат од Кривичниот суд, судијата на претходна постапка треба да донесе одлука дали ќе го прифати предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на мерка притвор за осомничениот.

Специјалното јавно обвинителство очекува Кривичниот да одговори на нивните жалби од претходните распити до понеделник вечер, кога тече рокот од 48 часа од поднесувањето на жалбите, односно од саботата вечерта кога беа поднесени жалбите.

Од Судот, пак, велат дека по жалбите се постапува во рок од 48 часа од времето кога спротивставените страни ќе ги примат жалбите за одговор.

„Кога ќе бидат исполнети условите, односно кога судот ќе добие доставница дека спротивставените страни ги примиле жалбите за одговор, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука“,посочуваат од Судот.

СЈО не се согласува со толкувањето на Основниот суд Скопје – 1 за рокот во кој треба да се одлучи по жалбите за одбиениот притвор што го бараше Катица Јанева.

Според нив законот е дециден дека кривичниот совет мора да донесе одлука во рок од 48 часа од поднесувањето на жалбите во Судот. Накусо, од кај Катица Јанева толкуваат дека според законот мора да има одлука до вечерва пред полноќ.

Слични содржини