Групата “Исламска држава” продолжува да киднапира христијани во Сирија, љ точниот број на киднапирани засега не може да се утврди и нивната судбина останува непозната.

655-402-otvlichane

Според податоци на Сирискиот центар за набљудување на правата на човекот во последните неколку дена ИД киднапирала 220 христијани од Асирските населби во североисточна Сирија, вклучувајќи од 11 села во близина на градот Тел Тамр во провинцијата Хасака.

Според претставник на асирската демократска организација (АДО) “Исламска држава” киднапирала околу 300 лица во нападите против 33 асирски села, наведува АП.

Советот за безбедност на ОН го осуди киднапирањето на христијаните во Сирија од групата “Исламска држава” и инсистираше на итно ослободување, соопштија американските медиуми.

Слични содржини