Топ-моделот Ирина Шејк покажа завидно тело само два месеци по породувањето.

31-годишната убавица прошета на црвениот тепих за време на 70-тото издание на филмскиот фестивал во Кан.

Шејк беше избрала долга жолта тоалета, целосно покриена со монистра, а деколтето  тешко ѝ ги задржуваше раскошните гради.

Ирина и Бредли Купер станаа горди родители на крајот на март на ќеркичката, која ја крстија Ли.