Република Македонија нема да се претвора во семафор за имигрантите. Нема да ја преземаме одговорноста и сами да одлучуваме кого да испраќаме и кого не од мигрантите и бегалците. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов за време на дискусија во рамките на меѓународната конференција за безбедност во Минхен.

Horhe

“Добро е што доаѓаат бегалците за да може сите да разберат дека Македонија е функционална држава. Во споредба со сите земји од бегалскиот коридор Македонија најдобро се справи со сите предизвици”, посочи уште Иванов.

Тој потсети дека Македонија е првата земја која прогласи вонредна состојба и ја испратила армијата да ги чува границата. “Македонија успеа над 99% да регулира целиот миграциски поток. Ги поседуваме сите податоци за опасностите поврзани со бегалците”, изјави претседателот и предупреди дека овој проблем ќе трае долго време.

“Никој не зборува за Египет, каде што има 5 милиони бегалци. Треба да се помогне на Турција и Грција. Потребна е солидарност, потребни се европски решенија за европските предизвици и Македонија е дел од тоа”, рече уште Иванов.

Во дискусијата учествуваа претседателите на Хрватска и Словенија – Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор, како и премиерите на Црна Гора и Косово – Мило Ѓукановиќ и Иса Мустафа.

 

Извор: Дарикњуз

Слични содржини