Ивона Талевска призна вина за случајот „Тифани“

од desk2

Новинарката Ивона Талевска денеска во судот призна вина за случајот „Тифани“, што Специјалното јавно обвинителство го покрена против неа, јави „Макфакс“.

Претходно пред судијката Софија Лаличиќ, обвинителката Елена Јосифовска го презентираше обвинителниот акт и побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2,3 милиони денари или 37.634 евра преку фирмите и еден милион денари денари или 16.924 евра личен данок

Според обвинението, Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 година за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично./Makfaks

Слични содржини