Актуелните телефонски разговори кои ги објавува опозициската СДСМ се класичен монтиран случај во соработка со странски служби. Имам одлични односи со министерот за финасии, Зоран Ставрески, кој воедно го сметам и како дел од своето семејство, посочи денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање.

395409298E6B6B4B98FA530052B6E86F
Можам да истакна дека, покрај тоа што ми е колега, јас го чувствувам Ставрески и како многу близок пријател, кој е дел од моето семејство. И натаму односите ни се одлични.

Јанакиески вели дека Ставрески е еден од неговите подобри соработници со кого дискутираат буквално за сите проекти и наоѓаат средства за реализирање на сите проекти.

Слични содржини