Нема одговор на мобилните телефони за поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески за коментар за кривичните пријави и барањата за притвор кои против нив ги поднесе специјалното јавно обвинителство, пренесува 24Вести.

 janakieski-jankuloska-670x320

Ниту матичната партија ВМРО – ДМПМНЕ не одговори каде се нивните членови Јанкулоска и Јанакиески. За време на пресот на специјалното обвинителство имаше и прашање дали двајцата се сеуште во државата.

Плусинфо: Кирил Божиновски бил на распит, Јанкуловска била во седиштето на ДПМНЕ и го чекала Груевски

Дел од медиумите веќе пишуваат дека главните осомничени Јанкулоска и Јанакиески за кои специјалната обвинителка побара апсење, се недостапни за органите на правдата и се во бегство во странство. Додека се чека потврда или негирање на оваа информација, во јавноста остана непознато на кои работни места беа префрлени поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески а нив ги немаше на јавните настапи организирани од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски.

Слични содржини