Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски ја доби поддршката од делегатите на Конгресот за нов четиригодишен мандат да ја предводи партијата.

132623125

-Ние имаме заедничка цел, ние работиме заедно, нашата цел е силна, успешна и просперитетна Република Македонија. Нашата цел е европска Македонија.нашата цел е земја со ниска невработеност и повисок животен стандард, посреќен пензионер, земја на слободни граѓани со многу можности за избори и шанси за успех – истакна претседателот на партијата Груевски.

Според претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата Илија Димовски од вкупно 560 делегати, за избор на претседател гласале 529, од кои 528 за Никола Груевски, а едно ливче е неважечко.

Овој е четврт мандат за премиерот Груевски . Првиот мандат да ја предводи партијата го доби на Конгресот во Охрид во 2003 година кога противкандидат му беше Марјан Ѓорчев.

Слични содржини