Илјадници бегалци секојдневно се движат по т.н. “Балкански пат”. За одредени средини во Македонија тоа е многу профитабилно – од државните железници и такси компании до амбулатни трговци- пишува DW.

migranti

Пред неколку дена таксисти повторно ja блокираа железничката линија по која бегалците продолжуваат со возови нa пат од кампот Гевгелија на север кон српската граница. Возачите сакаат својот удел од бизнисот со бегалците:

“Ќе останеме тука додека не го добиеме она што ни припаѓа. Ако треба ќе ги доведеме и семејствата. Бараме да дојдат министерот, градоначалникот и шефовите на полицијата и да ни објаснат ситуацијата. Кога одиме кај нив да плачеме, секој ни кажува дека сме ја згрешиле адресата. Е, сега сме на вистинскиот адреса – директно на местото “, вели еден од демонстрантите таксисти.

Благослов за железниците

Кога минатото лето тука почнаа да пристигнуваат илјади бегалци, такси компании исто правеа добри пари од нив. Но во меѓувреме бројот на пристигнувања стигна кон 2-3 илјади луѓе дневно и на бегалците им се подигна од кампот директно на возовите. Секој бегалец си плаќа за превоз,од што заработуваат железниците. Билетот до српската граница чини 25 евра – без разлика на возраста.

Хрватско се залета на десно

“Тоа најмногу ме иритира кај железниците. Неодамна ги придружуваа бегалци до вагоните, помагајќи им да се качат на возот. И бидејќи одам со марама, полицајците ме пропуштија. Така со свои очи видов како земаат целосна такса и од малите деца, на пример на 3 годинки “, раскажува бесно Мерсин Смајловиќ од македонска хуманитарна организација.

Пред почетокот на бегалската криза македонските железници практично беа банкротирани. За делницата од Гевгелија на јужната граница до Табановце на северната, патниците можеа да се земат на прстите на едната рака. Откако сепак Македонија стана транзитна земја за бидејќи т.н. “балкански правец”, секој ден илјади бегалци патуваат со воз. Минатото лето железниците заработуваат во просек по сто илјади евра на ден од транспортот на бегалци. Притоа билетите постојано поскапуваа: првично бегалците плаќаа 7 евра, колку што чинеше и редовниот билет, подоцна почнаа да им наплатуваат по 10 евра, а во моментов цената е 25 евра по лице, вели луто Смајловиќ:

0,,18657021_403,00

“Зачудена сум сум од алчноста на македонските железници. Компанијата е одговорна за тоа што се повеќе бегалци се редат како животни во композицијата. Очигледно никој не е во состојба да се промени”, вели хуманитарниот работник.
И додека возовите се преоптоваруваат, таксисти стојат нервозни крај автомобилите пред портите на бегалскиот камп. За нив 25 евра, колку што плаќаат бегалците до српската граница, би биле одличен профит. Особено ако го земеме предвид фактот дека повеќето возачи заработуваат месечно меѓу 100 и 150 евра. А некои од нив имаат инвестирано во минибуси, за да превезуваат повеќе патници.

По петкратна цена

Но таксисти не се единствените кои се борат за парче од тортата. Штом возот со бегалците запре на железничката станица во Гевгелија, моментално тој бива опседнуваан од претприемнички локални луѓе кои се обидуваат да ги продадат, директно преку прозорците на вагоните – симкарти за мобилни телефони, цигари, пијалаци и храна. По петкратното повисока цена, се разбира.

“Се е многу скапо. Исто и храната. Една шака помфрит, на пример, чини 5 евра. Додека дојдеме во Германија, ќе останеме сосема без пари”, се жали човек од Сирија.

Протестот на таксистите дава резултат: неколку часа откако го блокирале колосекот, им бива дозволено да подигнат патници. А блокадата е симната. До следниот протест кој сигурно нема многу да биде одложен. Бидејќи и во Македонија, како и насекаде друго место во т.н.. “Балкански правец”, бизнисот со бегалците останува многу профитабилен потфат.

Слични содржини