Секој родител си ги сака децата и се труди да ги воспитува на најдобар можен начин. Од друга страна, секоја мајка и секој татко има свој родителски стил кој неосетно го наследува.5d3a67bd393faf29ab7d1b598bea00f3

Некои од нас се построги, станувајќи и строги со своите деца, другите се повеќе опуштени и либерални, трети се грижливи и моќни, четврти се малку занесени и немирни и т.н.

Стилот на секој родител во голема мера зависи од неговиот Хороскопски знак кој му влијае на голем број на начини поврзани со тоа како тој се однесува со своите деца.

Еве што вели астрологијата за вашиот родителски стил:

Овен (21 март – 19 април):

Добрата вест е дека благодарение на огнената природа, овој знак е прекрасен родител кој прави сè за доброто на детето. Но, бидејќи Овенот е агресивен знак, тој може да влегува во расправии и конфликти со своите наследници и да има проблеми со комуникацијата со нив, особено додека тие се во тинејџерска возраст.

Бик (20 Април – 20 Мај):

Некои велат дека Биковите се најдобри родители, бидејќи се толку стабилни, трпеливи и силни. Проблемот е што тие самите се егоисти, кои сакаат и се стремат кон висок општествен статус и затоа ретко раѓаат повеќе од едно дете. Биковите се материјалисти и имаат тенденција да ги презадоволуваат со предмети и наследниците, што е нивна грешка.

Близнаци (21 мај – 20 јуни):

Овие луѓе имаат силни ставови за сите прашања, што е добро за нив во нивната улога на родители. Еден од квалитетите по кои Близнаците се познати, се нивното постојано менување расположенија. Бидејќи децата се жедни за конзистентност и стабилност, не заборавајте да ги зачувате вашите емоционални промени во расположението, далеку од очите на наследниците.

Рак (21 јуни – 22 јули):

Семејството е сè за жената од овој знак. Таа е грижлива и се обидува да стори сé за да обезбеди топла и љубовна средина за своето дете. Проблемот е што родителите од овој знак имаат тенденција да се однесуваат доста нападно. Покрај тоа, тие се стаписани од помислата дека еден ден пилето ќе го напушти гнездото.

Лав (23 јули – 22 август):

Лавовите се речиси секогаш најкул татковци или мајки. Тие сакаат да се забавуваат со децата и си играат со нив. Понекогаш луѓето од овој знак реагираат премногу ентузијастички или премногу драматично на настаните покрај нивните наследници, што всушност ги оптоварува. Ако сте Лав, не заборавајте да го оставите вашето дете да биде во центарот на вниманието и не му ги одземате светлата на рефлекторите.

Девица (23 август – 22 септември):

Луѓето од овој знак можат да прават по 50 работи одеднаш и се одлични организатори. Тие се справуваат совршено со распоредот на своето дете и тоа цвета поради оваа структура и рутина во вашиот живот. Но, внимавајте, бидејќи вашиот перфекционизам може да е многу оптоварувачки за вашите деца. Оставете ги да паѓаат и да прават грешки и нека си ги учат лекциите од нив. Не обвинувајте ги децата или себе, бидејќи никој не е совршен.

Вага (23 септември – 22 октомври):

Вагите се чесни, избалансирани и љубовни. Тие сакаат да ги споделат своите искуства, вредности и култура со своите деца. Понекогаш тие се малку нерешителни и имаат тешкотии со имплементирање на дисциплината дома. Ако сте од овој знак, не дозволувајте децата да  ги мешаат вашата добрина и правдољубивост со слабост.

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември):

Вие сте неверојатно интуитивни, особено кога станува збор за она што се случува со вашите деца. Вие ќе сакате да управувате со секој аспект од животот на наследниците, па обидете се да запаметите дека вашите деца си имаат сопствен живот и во еден момент ќе мора да отстапите назад и да ги оставите сами да донесуваат одлуки.

Стрелец (22 ноември – 21 декември):

Стрелците се забавни и спонтани родители кои имаат тенденција да ги ослободат своите деца од училиште во името на некаква забава или за да одат на одмор. Еден од најголемите проблеми на луѓето од овој Хороскопски знак е дека тие понекогаш се премногу груби и нечувствителни. Често нив им се  “испуштаат” реплики кои остануваат неразбрани од децата, ги бунат.

Јарец (22 Декември – 19 Јануари):

Без разлика дали сте мајка или татко, ако сте од овој знак, за вас семејството е на прво место меѓу приоритетите. Вие ќе работите напорно за да обезбедите стабилна средина за децата. Вашиот проблем е дека може да бидете премногу сериозни и одговорни. Научете да се смеетесо  наследниците и одвојте време да се забавувате заедно со нив.

Водолија (20 јануари – 18 февруари):

Вие сакате да воспитувате едни независни и слободоумни луѓе. Бидејќи сте креативни по природа, вие ќе го очекувате истото и од наследниците и ќе се однесувате со нив како да се ваши пријатели или колеги. Запомнете дека, сепак, тие понекогаш ќе имаат потреба од авторитет во вашето лице. Најдете начин да им дадете рамнотежа, сила и конзистентност на своите деца.

Риби (19 февруари – 20 март):

Ќе ги облеете вашите деца во љубов. Вашиот најголемо предизвик како родител ќе е да се научите  да не сте пасив-агресив или да упатувате емоционална уцена кон наследниците. Подобро кажувајте директно што мислите и чувствувате и не дозволувајте им да ви ја одземат улогата на родител.

Слични содржини