Законското решение нуди доволна гаранција дека специјалната обивнителка ќе има можност и ресурси независно да ги истржи случаите поврзани со прислушвањето, согласни се експертите, ноостанува непозната и дилемите со  изборот на личноста.
118723

Професорот на правниот факултет, Гордан Калајџиев, кој исто така се споменуваше како можно решение, се сомнева во интегритетот на Катица Јанева. Вели дека и покрај неговото 30-годишно искуство, таа не му е позната како истакнат обвинител, а од тоа што го дознал, се сомнева и дека е блиска со актулениот државен обвинител Марко Зврлевски.Калајџиев кој е и претседател на Хелсиншкиот комитет, вели дека на некој начин граѓанскиот сектор се чувствува изневерен од СДСМ и меѓународната заедница. Упатените велат дека професорот веројатно очекувал дека ќе биде тој специјаниот, иако и  знаел дека нема да биде. Поголем оптимист е поранешниот државен јавен обвинител Јован Трпеновски. Тој исто така вели дека не ја познава Јанева, но нејзината биографија и долгогодишниот обвинителски стаж му влева надеж. Трпеновски додава дека сега е најважно на обвинителката да и се овозможат сите технички и финансиски услови за непречени истраги, кои според сознанијата од снимките, очекува да се прават не само во земјава туку и во многу странски држави./24 вести

Слични содржини