Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која утринава положи заклетва и официјално ја презеде функцијата, вчера беше вистинска енигма затоа што на пребарувачот „Гугл“ можеа да се најдат само скудни информации за нејзината биографија, а слика воопшто и немаше.

12021750_928961543842372_504629934_n1

Но и покрај недостигот од информации, македонската јавност во текот на вчерашниот ден неуморно го пребаруваше нејзиното име со надеж дека ќе се појави нешто повеќе.

Според „Гугл трендс“, кој се базира на гугл-пребарувањата и покажува колку често одреден поим е внесен во пребарувачот, името на специјалната обвинителка Катица Јанева најчесто било пребарувано вчераутро во 9.30 часот.

Хоризонталната оска на графичкиот приказ го покажува времето, а вертикалната оска покажува колку често тој термин бил пребаруван во однос на вкупниот број пребарувања на глобално ниво.

До 15 септември во 6.30 часот, името на обвинителката воопшто не било пребарувано на „Гугл“, по што почнува масовното „гуглање“ на нејзиното име. Врвот на пребарувањето се случува во 9.30 часот, по што се намалува заинтересираноста и веќе во 20.30 речиси никој не го пребарува името. Во текот на ноќта и на денешниот ден, повторно се активира пребарувањето, но со значително намален интензитет.

Според градови, Јанева најмногу била пребарувана од Скопје, потоа речиси за половина помалку од Битола, по што следуваат Битола и Охрид.

katica janeva po gradovi

На социјалната мрежа „Твитер“, каде вчера имаше низа реакции поради тоа што специјалниот јавен обвнител не е звучно име, името на Катица Јанева до денеска е спомнато 441 пат, а вчераутро било спомнато 240 пати, по што се намалува заинтересираноста. Хаштагот #СЈО што е скратеница за специјален јавен обвинител бил искористен 299 пати, а само во текот на вчерашниот ден бил искористен 209 пати.

 

META

Слични содржини