Со 108 гласа ЗА, пратениците во македонското Собрание вечерва едногласно  изгласаа по   предлогот Катица Јанева да биде специјален обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

janeva(1)(1)

Јанева беше изгласана  од сите присутни пратеници  во парламентот иако на семафорот  беше запишано со 108  гласа „за“, без воздржани и без против од присутните 111 пратеници.

Нејзиниот избор  ноќеска треба да го изврши Советот на јавни обвинители.

 

Слични содржини