80
Поп ѕвездата Кели Кларксон се плаши за својата кариера, бидејќи го загубила гласот по раѓањето на нејзината ќерка.
Пејачката и Брендон Блакток го пречекаа своето прво дете Ривер Роуз во јуни минатата година.Сега Кларксон откри дека е во паника од фактот дека гласот буквално ѝ исчезнал по раѓањето.
“Имаше еден момент, во кој по цел ден плачев и пиев вино. Мислев дека повеќе никогаш нема да бидам пејачка”, изјави Кели. “Не знаев што ќе правам, но претпоставувам дека ќе се занимавам со добротворна работа”, рече уште ѕвездата.