Киев: Ќе бидат воведени вонредни исклучувања на струја поради руски напади

од Stefanija Kuzmanovska

Во Киев денеска ќе бидат воведени вонредни исклучувања на струја поради новите напади на руските сили врз енергетски објекти, најави генералниот директор на енергетскиот оператор YASNO, Сергиј Коваленко.

„Вечерва имаше нови напади врз енергетските капацитети на Украина“, рече Коваленко, пренесува „Униан“.

Во главниот град на Украина во последните три дена се применуваа само планирани исклучувања заради стабилизација, а бројот на исклучени потрошувачи од ден на ден се намалува.

Слични содржини