Во есента времето малку заладува, но сепак може да се организира една навистина многу романтична свадба.652351b86afcd9a44fcf79516d8b22f8

Некои личности очигледно го сфатиле овој факт и се обложиле на оваа сезона (помеѓу септември и декември), за да ја направат својата брачна церемонија.

Во принцип есента, особено доцната есен, не е класична свадбена сезона, но многу познати личности си рекле “Да” токму во ладно време, а има и други кои планираат тоа да го направат како Софија Вергага и Џо Манганиело, кои треба да се венчаат следниот месец.

Есенска свадба имаше пред шест години и ќерката на Доналд Трамп – Иванка, која се омажи во октомври, 2009 година за инвеститорот Џаред Кушнер. Двајцата неодамна најавија дека го очекуваат своето трето дете заедно.

Двојката го избра за својата свадба голф клубот на Доналд “Trump National Golf Club” во Њу Џерси, а Иванка носеше елегантен фустан на Вера Ванг.

Видете во галеријата кои други ѕвезди одлучија да склучат брак во есен.

Слични содржини