Кристијано Роналдо стана татко по втор пат

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, стана татко на близнаци од сурогат мајка.

Децата се девојче и момче и се крстени Ева и Матео, а се родиле во четвртокот, според португалски медиуми.

“Матео и Ева, ова се имињата на близнаците на Кристијано Роналдо. Девојчето и момчето се родени од сурогат мајка. “, тврдат медиумите од родната земја на фудбалерот.

Сè уште нема официјална потврда на веста ниту од спортистот, ниту од неговите агенти.

Веста дека Кристијано Роналдо ќе стане татко по втор пат стана јасна уште во месец март оваа година.

Фудбалерот веќе има едно дете, момче кое во моментот е на 6 години.

Слични содржини