Desarmement conference
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров го потврди присуството на руски војници во Сирија, пренесе РИА Новости.

Според него нивното присуство е поврзано со испораките на вооружување на сириската армија, која го носи товарот на борбата на тероризмот во лицето на “Исламска држава” и другите екстремистички групи.

Лавров посочи дека Русите им помагаат на Сиријците во апсорбирањето на воената техника и ја подготват за употреба во борбата против терористите. Дипломатот №1 на Русија нагласи дека Москва има намера да продолжи да пружа помош на Дамаск.

Слични содржини