Целосно повлекување на аболицијата и оставка на претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, побара Либерално-демократската партија (ЛДП), по синоќешниот состанок на Централниот одбор, на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата.

ldp_12

– Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од Иванов ја втурна Република Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото, велат од ЛДП.

Централниот одбор на партијата, додаваат, смета дека поделбата на граѓаните, на тие за кои важи селективната правда и на оние за кои не важи правдата е недопустлива и надвор од разумот.

Затаоа, потенцираат, даваме недвосмислена и отворена поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство и апелираме што поскоро да се формира и Специјален суд, што ќе овозможи и правна разрешница на политичката криза. /МИА

Слични содржини