Граѓаните ќе можат да поднесат барање до 31 март 2016-та година, а оние кои веќе имаат доставено барање, геодетски елаборат ќе можат да поднесат до 31 декември 2016-та година. Услов е, објектот што е предмет на легализација, да е изграден заклучно со 3 март 2011-та година

divogradbi1

Нови рокови за легализација на дивоградбите. Владата со нови законски измени ќе отвори повеќе простор за оние кои се уште не ја завршиле постапката. Сега се предлага рокот за доставување на барањата да се продолжи до 31 март 2016-та година, а граѓаните кои имаат доставено барање, но не и геодетски елаборат, тоа можат да го сторат до 31 декември 2016-та година. Услов е објектот што треба да се легализира да е изграден заклучно со 3 март, 2011-та година. Надлежните очекуваат да се зголеми бројот на барања.

„Се надеваме дека со овие измени ќе го олесниме, а воедно ќе го забрзаме процесот на легализација. За сите оние кои нема да ги легализираат објектите, ќе се постапува според законот за бсправно изградени објекти. Не е поентата ние да рушиме, затоа и ја даваме оваа можност на сите сопственици на објекти, на компаниите, да имаат можност да ги легализираат своите објекти“, изјави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Катастарот има капацитети да ги издаде сите потребни документи на граѓаните за да може да ги легализираат објектите – вели првиот човек на Агенцијатата.

„Заклучно со минатиот месец беа изготвени 175 илјади елаборати, а запишани во катастарот и легализирани се 135.500 барања, или за околу 75 проценти од веќе изготвните елаборати општините веќе ги донеле решенијата и ги доставиле до катастарот“, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски.

Измените даваат и можност да се легализираат и бесправни објекти изградени на приватно земјиште, кое во моментот на изградба било во државна сопственост. Сопствениците на земјиштето ќе се обештат од лицете кое ја легализира дивоградбата.

Слични содржини