Лиам Галагер го исмеа Крис Мартин од Колдплеј

од Vladimir Zorba

Поранешниот пејач на групата Oasis Лијам Галагер се потсмеа со фронтменот на бендот Coldplay Крис Мартин, така што го спореди со водител на детска телевизиска емисија, пишува Kонтактмјузик.9f4f9f5f5b5e191b6523e2bfa72d1df3

Лиам одамна ги исмева членовите на популарната британска група, а не пропушта да ги спомене и фановите кои пред некое време ги нарече “досадни до смрт”.

Но, сега падна хејтот првенствено кај силната фигура во Coldplay Крис Мартин.

“Тој ми изгледа како да е од некое детско телевизиско шоу. И бандата е преголема. Овие луѓе не ли виделе некогаш слики на Rolling Stones, за да влезат во ритам. Сигурно не!”, ги нападна Лиам.

Галагер бележи одредена еволуција во квалификациите. Пред една деценија тој го спореди Мартин со даскал по географија.

Слични содржини