На вечерашната седница, Извршниот комитет на Либералната партија уште еднаш ја потенцира потребата од измена на Изборниот законик, во однос на делот што го утврдува датумот за избори (24 април). Притоа, Извршниот комитет нотира дека веќе утре е потребна интервенција во овој Закон, како и за ставање вон сила на Одлуката за распуштање на Собранието.

LP-zname-web

Ова е јасно ако се има предвид пораката на меѓународната заедница дека ова прашање треба да го уреди Собранието, по иницијатива на власта и опозицијата. Либералната партија се согласува дека одговорноста за решавањето на тековната состојба пред се е на политичарите во Македонија, и дека улогата на меѓународната заедница е во олеснувањето на процесот, а не на неговото спроведување и креирање.

Извршниот комитет на Либералната партија е свесен и дека изборите во Македонија ги надминуваат рамките на политичката состојба само во државата. Оттука, за квалитетно решавање на проблемот, Извршниот комитет на Либералната партија потенцира дека е потребно денешната состојба да не се повтори. Тоа значи дека денес не е потребно фиксирање нов датум за избори, туку истиот треба да произлезе по утврдувањето дали и кога обврските за фер и демократски избори се исполнети.

Слични содржини