Македонија ќе испорача, очекуваме Брисел и Унијата да возвратат

од Vladimir Zorba

Европски реформи

 Во пресрет на доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан, но и експертот Рајхард Прибе – Владата со конретен план и рокови за итните реформски приоритети и идните чекори.
 Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, најави агресивни реформи за целосно да се забрза процесот, но вели мора да се искористи и позитивната клима во односите меѓу Скопје и Брисел.
„Европските интеграции и Рамковниот договор треба да ги одвоиме од дневно политичките прашања по кои дебатираме како позиција и опозиција. Тоа е прашање по кое треба да бидеме комплементарни и разликите да ги искористиме за забрзување на патот кон евро интеграцијата“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.
Османи тврди, паралелно Владата работи на клучните отворени прашања со соседите. Во таа насока вицепремиерот тврди дека утрешната посета во Софија, на делегацијата предводена од премиерот Заев освен продлабочување на односите со идниот претседавач на ЕУ  на маса ќе го стави и отвореното прашање околу договорот за добрососедство. Иако тој не одговори дали ќе се потпиша договорот, сепак вели поместување во релацијата може да има.
„Нема прашање во Македонија коешто ги адресира една или друга етничка заедница, туку во знак на еден глас, во еден симболичен знак дека ќе разговараме за интересите на државата.“, изјави Бујар Османи.
Најгорливото прашање за спорот со името останува и најтешкото во односите со соседите. Османи вели дека е најсензитивното. По средбата на Димитров со Коѕијас во Атина и во пресрет на возвратната посета на грчкиот министер за надворешни работо – почна да се лицитираат можни предлози од грчка страна.
Грчките медиуми веќе објавија дека Вардарска Македонија ќе биде предлогот што Коѕијас како прифатлив за Атина ќе го донесе во Скопје/24tv

Слични содржини