груевскизаев(1)
Премиерот Никола Груевски по повод терористичките напади во Париз испрати писмо со сочувство до францускиот премиер Мануел Валс.

– Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени и во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, наведува премиерот во писмото.

Додава во писмото дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.

– Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме, се наведува во писмото со сочувство.

Според премиерот нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. – Тероризмот, пишува во писмото, не смее и нема да победи. Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев по терористичките напади во Париз исто така упати тереграма со сочувство и поддршка до францискиот претседател Франсоа Оланд.

– Изразувам искрено и длабоко жалење и сочувство за жрвите во грозоморните терористички напади што минатата ноќ го потресоа Париз и светот, во мое име, во име на Социјалдемократскиот сојуз и на граѓаните на Република Македонија, се вели во телеграмата со сочувство.

Нашите мисли, како што се наведува, од синоќа се кон стотиците жртви и повредени во тешките терористички акти, со нивните семејства и со граѓаните на Република Франција. Нападите на Париз се напад врз целото човештвото. Никој нема право да го одзема мирот, спокојот, сигурноста и безбедноста на граѓаните каде и да живеат.

– Даваме силна поддршка на Вас претседателе Оланд, на државниот врв на Франција и на граѓаните во земјата, за смирено, мудро и одлучно справување со предизвикувачите на инцидентите со трагични последици во огромни размери. Се солидаризираме во таа битка на граѓаните на Франција и се ставаме на располагање да помогнеме според нашите можности, се наведува во телеграмата со сочувство од Заев.

Слични содржини