Македонската асоцијација на медиуми соопшти денеска дека извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија е пристрасен, субјективен и едностран, бидејќи не се контактирани новинарите кои се предмет на напади и не соодветствува со реалната состојба во медиумите.

A9C5B143-9119-4BB2-99E5-8D9CE9B0872D_w308_h173

Според соопштението, очигледно е дека се одработува политичка агенда која ја финансираат нивните амбасади за проекти исклучиво во корист на СДСМ и нивните медиумски експоненти, притоа покажувајќи со прст во сите останати и државните институции како лошите момци. Од ЕК, како што наведуваат од МАН воопшто не се погрижиле извештајот да биде целосен, туку, темелен е само на информации добиени од СДСМ и активисти на фондацијата Сорос и во извештајот не се спомнува ниедна форма на притисок ниту жртва од страна на СДСМ.

Слични содржини