Во близина на „Железен Мост“, на границата со Грција, вчера напладне започнала голема тепачка меѓу 50-тина мигранти, во која се користеле и ножеви и мачети. Еден мигрант од Сирија со убодна рана нанесена од остар предмет е веднаш префрлен во Медицинскиот центар во Гевгелија. Тој сега, заедно со уште 4 мигранти, дел од неговото семејство, се наоѓаат во Прифатниот центар за азил во Скопје.granica

Патролирајќи, тепачката ја забележале полициските службеници, по што 20-тина авганистански мигранти започнале да бегаат кон граничната линија.

 

Слични содржини